-
Судиите.
-
|Juízes 2:1| Дојде Ангел Господов од Галгал во Вохим и рече: »Јас ве изведов од Египет и ве воведов во земјата, за која им се заколнав на татковците ваши; и реков: — нема да ги нарушам Мојот завет со вас засекогаш;
-
-
-
|Juízes 2:2| вие, пак, не влегувајте во сојуз со жителите на оваа земја; на боговите нивни не им се клањајте, идолите нивни скршете ги, жртвениците нивни урнете ги. Но вие не го послушавте гласот Мој. Зошто постапивте така?
-
-
-
|Juízes 2:3| Затоа велам: нема повеќе да ги преселувам тие луѓе, што сакав да ги истерам, нема да ги истерам од вас, и тие ќе бидат трње за вас, а боговите нивни ќе ви бидат соблазна.«
-
-
-
|Juízes 2:4| Кога Ангелот Господов ги кажа тие зборови пред сите синови Израилеви, народот крена голем пискот и заплака.
-
-
-
|Juízes 2:5| Поради тоа и го нарекуваат тоа место Вохим. Таму тие принесоа жртва на Господа.
-
-
-
|Juízes 2:6| Откако Исус го распушти народот, и синовите Израилеви заминаа, секој во домот свој и секој во својот дел, за да добие во наследство земја.
-
-
-
|Juízes 2:7| Народот Му служеше на Господа преку сите денови на Исуса и преку сите денови на старешините, чиј живот продолжи по Исуса, и кога ги беа виделе сите големи дела на Господа, какви што Он му направи на Израилот.
-
-
-
|Juízes 2:8| А кога умре Исус, синот Навинов, раб Господов, на сто и десет години,
-
-
-
|Juízes 2:9| го погребаа во пределите на неговиот дел во Тамнатарес, во Ефремовата гора, на север од гората Гаас;
-
-
-
|Juízes 2:10| и кога целиот тој народ се прибра кај татковците свои, и настана по нив друг род, кој не Го знаеше Господа и делата Негови, какви што му беше направил на Израилот, —
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
