Ezequiel

  • Закон за жртвите.

  • |Ezequiel 45:1| Кога со жреб ќе ја делите земјата на делови, одделете свет дел за Господа — дваесет и пет илјади лакти во должина и десет илјади лакти во ширина; тоа место да биде свето како целина наоколу.

  • |Ezequiel 45:2| Од него до светилиштето да има четириаголник, по петстотини лакти наоколу и околу него, со плоштадка од педесет лакти.

  • |Ezequiel 45:3| Според таа мерка измери дваесет и пет илјади трски надолж и десет илјади трски по ширината, каде што ќе се наоѓа светилиштето, Свјатаја Свјатих.

  • |Ezequiel 45:4| Тој дел од светата земја ќе им припаѓа на свештениците, служители на светилиштето, кои ќе пристапуваат да Му служат на Господа; тоа место ќе биде место за куќи и светиња за светилиштето.

  • |Ezequiel 45:5| Дваесет и пет илјади трски по должина и десет илјади трски по ширина, ќе им припаѓа на левитите, служители на храмот, како нивно владение, каде што ќе живеат.

  • |Ezequiel 45:6| Дајте му и на градот владение од пет илјади трски нашир и дваесет и пет илјади трски по должина, спроти светото место, определено за Господа; тоа ќе му припаѓа на сиот дом Израилев.

  • |Ezequiel 45:7| И за кнезот определете дел од едната и од другата страна, до светото место, определено за Господа, како и до владението на градот, кон запад од западната страна и кон исток од источната страна, во должина еднаква со еден од оние делови од западниот до источниот крај.

  • |Ezequiel 45:8| Тоа ќе биде негова земја, негово владение во Израилот, така што во иднина кнезовите Мои да не го притеснуваат народот Мој, и земјата да ја раздаваат на домот Израилев според колената негови.

  • |Ezequiel 45:9| Така вели Господ Бог: кнезови Израилеви, доста беше ова, оставете ги насилијата и принудувањата, а вршете суд и правда; престанете да го изгонувате народот Мој од владенијата негови, вели Господ Бог.

  • |Ezequiel 45:10| Имајте иста мерка, вистинска ефа и прав бат.


COOKIES

Utilizamos cookies para oferecer melhor experiência, melhorar o desempenho, analisar como você interage em nosso site e personalizar conteúdo. Ao utilizar este site, você concorda com o uso de cookies.

Dados Essenciais

Os dados essenciais são necessários para executar o site que você está visitando. Você não pode desativá-los.