-
Во земјата Магог.
-
|Ezequiel 38:1| И би слово Господово до мене:
-
-
-
|Ezequiel 38:2| »Сине човечки, сврти го лицето свое кон Гога во земјата Магог, кон кнезот на Рош, Месех и Тувал, изречи пророштво против него.
-
-
-
|Ezequiel 38:3| И кажи им — вака вели Господ Бог: ‚Еве, Јас сум против тебе, Гог, кнезу на Рош, Месех и Тувал.
-
-
-
|Ezequiel 38:4| Ќе те вратам и ќе ставам алка на твојата челуст; ќе те изведам тебе и сета твоја војска, коњите и коњаниците, сите храбри јунаци, многубројни борци, во оклопи и со штитови, сите вооружени со мечеви.
-
-
-
|Ezequiel 38:5| Персијанците, Етиопите и Либијците со нив, сите со штитови и со шлемови.
-
-
-
|Ezequiel 38:6| Гомера со сите чети, домот на Тогарма од северните предели, со сите негови чети, многу народи со тебе.
-
-
-
|Ezequiel 38:7| Готви се и приготви се — ти и сите твои чети собрани при тебе и биди им водач.
-
-
-
|Ezequiel 38:8| По многу дни ти ќе бидеш посетен; во последните години ќе дојдеш во земја избавена од меч, собрана меѓу многу народи на Израилевите планини, кои беа долго време запустени, но сега жителите нејзини ќе бидат повратени од кај народите, и сите тие ќе живеат спокојно.
-
-
-
|Ezequiel 38:9| Па ќе се кренеш како бура, ќе тргнеш како црн облак за да ја покриеш земјата, ти и сите твои чети и многу народи со тебе.‘«
-
-
-
|Ezequiel 38:10| Така вели Господ Бог: »Во оној ден ќе ти дојдат на срцето мисли и ти ќе помислиш да направиш нешто лошо.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
