-
Бог го праќа Језекиила за пророк.
-
|Ezequiel 2:1| Такво беше видението на сјајот од подобието на славата Господова. Кога го видов тоа, паднав ничкум и го чув гласот на Оној, Кој ми зборуваше, и Он ми рече: »Сине човечки, стани на нозе, и Јас ќе говорам со тебе.«
-
-
-
|Ezequiel 2:2| И влезе во мене Дух, ме зеде и ме подигна и ме исправи на нозете мои, и Го чув Оној, Кој ми говореше.
-
-
-
|Ezequiel 2:3| Тогаш Он ми рече: »Сине човечки, Јас те праќам при Израилевите синови, при непокорни луѓе, кои се побунија против Мене; тие и татковците нивни Ме изневеруваа Мене дури до денешниов ден.
-
-
-
|Ezequiel 2:4| Тие се синови со огрубено лице и со жестоко срце; при нив те праќам и ти ќе им кажеш — вака вели Господ Бог.
-
-
-
|Ezequiel 2:5| Дали ќе те послушаат или нема да те послушаат, бидејќи тие се дом отстапнички — но нека знаат дека меѓу нив имало пророк.
-
-
-
|Ezequiel 2:6| А ти, сине човечки, не бој се од нив и не плаши се од нивните зборови, зашто ќе се разбеснат и ќе те навредуваат од сите страни; меѓу нив ќе живееш — како меѓу трње и скорпии; не бој се од лицата нивни, зашто тие се дом отстапнички;
-
-
-
|Ezequiel 2:7| и кажувај им ги зборовите Мои — па слушале тие или не, бидејќи се тие непокорни.
-
-
-
|Ezequiel 2:8| А ти, сине човечки, чуј што ќе ти кажам: не биди како тој отстапнички дом; отвори ја устата и изеди го она што ќе ти го дадам.«
-
-
-
|Ezequiel 2:9| И видов, ете, протегната рака спрема мене, и во неа — книжен свиток.
-
-
-
|Ezequiel 2:10| И Он ги разви пред мене, а свитокот беше напишан одвнатре и однадвор, и на него беше напишано: плач, жалост и офкање.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
