-
|1 Crônicas 26:21| Меѓу синовите на Ладана, Гирсонов син, меѓу старешините на домовите од Ладана Гирсонски, беше Јехиел.
-
-
-
|1 Crônicas 26:22| И синовите Јехиелови: Земет и братот му Јоил ја надгледуваа ризницата на Господовиот дом,
-
-
-
|1 Crônicas 26:23| заедно со потомците на Амврама, Исара, Хеврона и Озиила.
-
-
-
|1 Crônicas 26:24| Суваил, син на Герсона, Мојсеев син, беше старешина на ризниците.
-
-
-
|1 Crônicas 26:25| Брат му Елиезер имаше син Равија, а тој — син Јосија, а тој — син Јорам, а тој — син Зехриј, а тој — син Саломот.
-
-
-
|1 Crônicas 26:26| Саломот и браќата негови ги надгледуваа сите ризници на светите работи, што ги беше посветил царот Давид и кнезовите и илјадниците, стотниците, и војводите на војската.
-
-
-
|1 Crônicas 26:27| Од војните и од пленот тие посветуваа за одржување на домот Господов.
-
-
-
|1 Crônicas 26:28| И сѐ, што беше посветил Самуил пророкот, и Саул, синот Кисов, и Авенир, синот Ниров, и Јоав, синот Саруев, сето посветено беше под рацете на Саломота, и браќата негови.
-
-
-
|1 Crônicas 26:29| Од родот Исаров: Хонанија и синовите негови беа одредени за надворешна служба во Израилот, за писари и судии.
-
-
-
|1 Crônicas 26:30| Од родот Хевронов: Асавија и браќата негови, храбри мажи, илјада и седумстотини, имаа надзор над Израилот, од оваа страна на Јордан, кон исток, за сите работи во службата Господова и во царската служба.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
