-
|1 Crônicas 14:11| Тие отидоа во Ваал-Фарасин, и таму ги порази Давид. И рече Давид: »Бог ги пресече моите непријатели преку раката моја како воден пролом.« Затоа и го нарекоа тоа место Ваал-Фарасин.
-
-
-
|1 Crônicas 14:12| И Филистејците ги оставија боговите свои таму, а Давид заповеда, та ги изгореа со оган.
-
-
-
|1 Crônicas 14:13| И пак дојдоа Филистејците и се улогорија во долината.
-
-
-
|1 Crônicas 14:14| Давид пак го праша Бога, и Бог му одговори: »Не оди право во пресрет нивни, туку скршни од нив и оди кон нив откај црниците;
-
-
-
|1 Crônicas 14:15| и кога ќе чуеш шум како од врвеж по црничини врвови, тогаш почни ја борбата, зашто Бог ќе излезе пред тебе, за да го порази филистејскиот логор.«
-
-
-
|1 Crônicas 14:16| Давид направи така, како што му заповеда Господ, и го порази филистејскиот логор, од Гаваон до Газер.
-
-
-
|1 Crônicas 14:17| И Давидовото име се разнесе по сите земји, и Господ го направи страшно за сите народи.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
