-
Давидовиот двор и победа над Филистејците.
-
|1 Crônicas 14:1| Тирскиот цар Хирам испрати при Давида пратеници, кедрови дрвја, и каменоделци, за да му изградат дом.
-
-
-
|1 Crônicas 14:2| Откако разбра Давид, дека Господ го утврдил за цар над Израилот, дека царството негово се воздигнува високо, заради народот негов Израилот.
-
-
-
|1 Crônicas 14:3| тој си зеде уште жени во Ерусалим, и му се родија уште синови и ќерки.
-
-
-
|1 Crônicas 14:4| Еве ги имињата на оние, што му се родија во Ерусалим: Сам, Совав, Натан и Соломон,
-
-
-
|1 Crônicas 14:5| Јевеар, Елисуј, Елифалет,
-
-
-
|1 Crônicas 14:6| Нагед, Нафат, Јафија,
-
-
-
|1 Crônicas 14:7| Елисам, Валијад, Елифалет.
-
-
-
|1 Crônicas 14:8| И слушнаа Филистејците, дека Давид бил помазан за цар над целиот Израил, и сите тие се кренаа да го бараат Давида. А Давид, откако разбра, излезе против нив.
-
-
-
|1 Crônicas 14:9| Филистејците дојдоа и се распоредија во Рефаимската долина.
-
-
-
|1 Crônicas 14:10| Давид го праша Бога, велејќи: »Да одам ли против Филистејците, и ќе ги предадеш ли во рацете мои?« Господ му одговори: »Оди, Јас ќе ги предадам во рацете твои.«
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
