-
|Tiago 1:11| зашто како што сонцето огрева и со својата жега ја исушува тревата, и цветот нејзин отпаѓа, и убавината на нејзиниот изглед исчезнува, така ќе овене и богатиот во својот пат.
-
-
-
Човечкото искушение и Божјиот дар
-
|Tiago 1:12| Блажен е оној човек кој издржува искушение, бидејќи откако ќе биде проверен, ќе добие венец на животот, што Господ им го ветил на оние кои Го сакаат.
-
-
-
|Tiago 1:13| Ниеден, кога е во искушение да не вели: „Бог ме искушува“, бидејќи Бог со зло не се искушува, и Тој никого не искушува,
-
-
-
|Tiago 1:14| но секого го искушува неговата похота која го влече и мами.
-
-
-
|Tiago 1:15| Потоа похотта, откако ќе се зачне, раѓа грев, а гревот, извршен, раѓа смрт.
-
-
-
|Tiago 1:16| Не мамете се, браќа мои возљубени.
-
-
-
|Tiago 1:17| Секој добар дар и секој совршен подарок иде озгора, симнувајќи се од Отецот на светлината, во Кого нема промени ни сенка од измена.
-
-
-
|Tiago 1:18| Зашто Тој нѐ роди по својата волја преку словото на вистината, за да бидеме првина меѓу Неговите созданија.
-
-
-
Да се слуша и извршува словото
-
|Tiago 1:19| И така, мои возљубени браќа, секој човек нека биде брз за слушање, а спор за зборување, и бавен за гнев,
-
-
-
|Tiago 1:20| бидејќи човечкиот гнев не ја извршува Божјата правда.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
